Лила го покажа станот и маалото во родниот град Гетеборг и објави фотографија со сестра ѝ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Македонската телевизиска водителка Лила Стојановска, заедно со синот Филип, го посети нејзиниот роден град Гетеборг во Шведска, каде што моментално живее сестра ѝ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Водителката на Инстаграм објави фотографија на која позира со нејзината сестра.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Лила објави неколку фотографии од нејзиното патување и се присети на детските денови.

„Кога по години ќе се вратиш во градот каде што си се родил. Кога го препознаваш секое ќоше, а истовремено ти изгледа како првпат да го гледаш. Кога доаѓаш како турист, а всушност си дома. Здраво Гетеборг“, напиша водителката на Инстаграм.

Водителката 12 години живеела во Шведска, а потоа заедно со семејство кое потекнува од скопското село Виниче се вратиле во родниот крај.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Водителката го покажа станот во Гетеборг кој бил нејзиниот прв дом.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Соседството се вика „Gamlestaden“, а Лила ја фотографираше зградата и паркчето со лулашки каде имала безгрижно детство и ги направила првите чекори.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Дневникот на едно детство…. Дворот во Гамлестад … место на моите први чекори, првите пријателства, раскрварени колена од падот од велосипед, многу изедени сморгоси, гудис, безгрижни денови … сликите се избледени но сеќавањата свежи“ – напиша водителката во описот на видеото.

ФОТО+ВИДЕО | Лила го посети семејството во Шведска: Кога по години ќе се вратиш во родниот град

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот