ФОТО+ВИДЕО | Лила го посети семејството во Шведска: Кога по години ќе се вратиш во родниот град

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Македонската телевизиска водителка Лила Филиповска, заедно со синот Филип, го посети нејзиниот роден град Гетеборг во Шведска, каде што моментално живее сестра ѝ.

Лила објави неколку фотографии и видеа од нејзиното патување и се присети на детските денови.

„Кога по години ќе се вратиш во градот каде што си се родил. Кога го препознаваш секое ќоше, а истовремено ти изгледа како првпат да го гледаш. Кога доаѓаш како турист, а всушност си дома. Здраво Гетеборг“, напиша водителката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

На своите стории на Инстаграм, таа сподели како изгледа познатиот шведски појадок „smörgåsbord“, односно шведска маса, и како изгледа едно вообичаено маало во Гетеборг.

Лила Филиповска со семејството во Гетеборг / Фото: Инстаграм/Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Потоа, ја искористи приликата да го проба традиционалниот десерт „kanelbullar“, односно ролнички со цимет, и да се почести со по некое Марабу чоколадо, кое важи за најпознат шведски и норвешки бренд за чоколади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот