Лил е вистински рудник за фудбалери, за три години заработи 250 милиони евра од продажба на играч

Трансферот на Виктор Осимен во Наполи покажа дека францускиот тим е расадник за талентирани фудбалери.

Иако Рен го има најталентираниот и „највредниот“ фудбалски бисер во Едуардо Камавинга и од кого наредното лето ќе заработи вистинско богатство, друг француски тим доминира на трансфер пазарот.

Ако за ПСЖ се знае дека е најголем трошаџија меѓу француските екипи, тогаш Лил му го презеде приматот на Монако на најдобар продавач на фудбалски бисери. Последен фудбалер кој Лил го продаде и Виктор Осимен и тоа за засега 50 милиони евра на Наполи, но доколку се исполнат бонусите тогаш бројката ќе се зголеми и до 80 милиони евра.

Елмас си доби нов соиграч, Осимен стана најскап фудбалер во историјата на Наполи

 

Со ово трансфер францускиот тим покажа дека заедно со Борусија Дортмунд се вистински рудници за европските гиганти.
Лил во последните три години од продажба на фудбалери инкасира преку 250 милиони евра, а летово се очекува таа бројка да се зголеми за нови 30 милиони евра бидејќи Габриел Магаљаеш е на радарот на Наполи и Евертон, Борусија Дортмунд е подготвена да плати 45 милиони евра за Џонатан Иконе кој ќе биде замена за Џејдон Санчо.

Прочитајте и...  Меси ја критикуваше Барселона: Ништо повеќе не ме изненадува!

Францускиот тим минатото лето го продаде Николас Пепе на Арсенал за рекордни 80 милиони евра и на овој трансфер заработија чисти 70 милиони бидејќи две години порано платија само 10 милиони за одличниот фудбалер.
Покрај Пепе и Осимен, Лил во последните три години на фудбалската мапа го лансира и Рафаел Леао за кого Милан плати 23 милиони евра плус бонуси. Французите Леао го донесоа од Спортинг Лисабон бесплатно откако му истече договорот со португалскиот тим.

Веднаш зад Леао е Тиаго Мендеш, Бразилецот во 2017 година беше платен девет милиони евра, а една година подоцна беше продаден на Олимпик Лион за 22 милиони плус три милиони во бонуси.

Лил во последните три години продаде и играчи како Ива Бисума за 17 милиони евра на Брајтон, Ибрахим Амаду на Севиља за 14.5 милиони, Кевин Малком за 12 милиони на Наполи, Бало Туре на Монако за 11 милиони евра.
Уште еден доказ дека Лил е најдобра средина во Франција за развој на младите фудбалери се и Еден Азар, Идрис Геј, Жервињо, Јоан Кабај, Бенжамин Павар. Азар беше продаден на Челси за 35 милиони евра.

Прочитајте и...  Мурињо како сокол во Скопје, нешто не е во ред со голот!

Токму затоа специјализираниот сајт за трансфери Трансфермаркт го направи највредниот тим на Лил чија вредност е поголема од 360 милиони евра.

Прочитај повеќе

Пет минути гледаа ВАР и направија грешка! (ВИДЕО)

Слободен печат

Навивачката група „Чкембари“ слави 35 години постоење! (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонецот ја освои и Севиља, Димитријевиќ и Хувентуд на врвот во Шпанија

Слободен печат

Надал загрижен пред „Ролан Гарос“: Ѓоковиќ е во право!

Слободен печат

Хамилтон в недела се израмнува со рекордот на Шумахер!?

Слободен печат

Пандев доби „конкуренција“ во нападот на Џенова!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѓоковиќ на „Ролан Гарос“ ќе атакува на 18 грен слем титула!

Слободен печат

Официјално: Луис Суарез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Слободен печат

Нема ракомет во Првата лига, поради ковид-19 суспендирана и групата „Б“!

Слободен печат

Кајакарите Спасиќ, Златаров и Небиовски во Словенија на европскиот куп

Демант дека е направен пропуст на еден од головите на Националната арена!

Слободен печат

Лига куп: Тотенхем без борба си закажа дуел со Челси!

Слободен печат