Елмас си доби нов соиграч, Осимен стана најскап фудбалер во историјата на Наполи

EPA-EFE/Kai Foersterling

Италијанскиот тим денеска го потврди трансферот на младиот нигериски напаѓач Виктор Осимен.

Наполи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, денеска добија нов фудбалер во Виктор Осимен.

Младиот напаѓач го привлече вниманието со одличните игри во дресот на Лил оваа сезона. Иако во Лил е само една сезона која во Франција не беше доиграна до крајот поради пандемијата на коронавирусот, Осимен постигна 18 гола и имаше шест асистенции во сите натпреварувања.


Тој со Наполи потпиша петгодишен договор откако италијанскиот тим се согласи да плати 50 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Осимен во Лил пристигна за 12.5 милиони евра од белгискиот прволигаш Шарлоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот