Ликер од аронија: Ги уништува инфекциите и го забавува стареењето

Фото: Профимедиа

Аронијата е многу лековито растение и токму поради тоа лекарите и нутриционистите постојано ги советуваат луѓето почесто да го јадат.

Првите плодови аронија во Европа пристигнале од Северна Америка каде што за првпат почнало да се одгледува. Во составот на аронијата има поголема количина минерали, кои помагаат да се намалат постојните инфекции во телото и го забавуваат процесот на стареење.

Покрај тоа, плодовите од аронијата се одличен извор на растителни влакна, а присутни се и огромен број корисни витамини. Но, покрај тоа што аронијата е здрава во свежа форма, од неа можат да се подготвуваат и голем број напитоци што имаат одличен вкус, а истовремено се и многу здрави.

Малку е познато дека аронијата помага во намалувањето на крвниот притисок. Доколку не сте пробале напиток подготвен од аронија, сега е вистинско време да си подготвите ликер.

За него ви требаат следните состојки:

500 грама аронија

350 грама шеќер

1 литар црвено вино

150 милилитри рум

1 пакување цимет

2 каранфилчиња

1 стапче ванила

Подготовка:

Во тенџере ставете ги виното, шеќерот, аронијата и зачините. Сите состојки варете ги на тивок оган околу 15 минути. Тргнете ги од оган и почекајте виното малку да се излади. Додајте го и румот и сето тоа убаво измешајте го. Процедете го ликерот и складирајте го во стаклени шишиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот