Лига на нации: Украинците пукнаа петарда во Ереван

Фото: EPA-EFE/Grzegorz Michalowski

Селекцијата на Украина остана во игра за пласман во А дивизијата од Лигата на нации, откако во претпоследното коло во Ереван ја декласираа Ерменија со 0:5 и го зазедоа првото место на табелата во групата 1 во дивизијата Б.

Украина има 10 бода, еден повеќе од Шкотска која вечерва во Глазгов игра против Република Ирска.

Одлучувачката битка за првото место во групата ќе се води во вторник во Краков, Полска, каде Украина ќе ја пречека Шкотска.

Украинците резултатот го отворија во 22. минута преку Тимчук кој на најдобар начин ја круниса одличната акција.

На 0:2 зголеми Зубков во 57. минута и тоа по асисгенција на Тимчук. До крајот на средбата Украина постигна уште три гола, во 69. минута Довбик зголеми на 0:3, а истиот играч го постигна петтиот гол, додека на 0:4 зголеми Игнатенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот