Лига на нации: „Петарда“ во Разград, Македонија за второто место против Бугарија

Бугарија доаѓа во Скопје во победничка атмосфера/фото : EPA-EFE/VASSIL DONEV

Заврши и петтото коло од групата „4“ во Ц сегментот на Лигата на нации, после поразот на македонската А репрезентација во Тбилиси од Грузија, вечерва во Разград селекцијата на Бугарија со 5:1 триумираше над Гибралтар.

Антов во 23 минута донесе предност за Бугарија, само три минути подоцна Гибралтарците израмнија преку Чиполина, а во 36 минута домаќините ја вратија позитивата кога стрелаше Десподов.

Во првите 10 минути од второто полувреме Бугарија реализираше уште два гола (Кирилов 52`, Стефанов 55`), а конечниот епилог го постави Петков во 81 минута.

Во последното шесто коло в понеделник (26 септември) со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје нашите најдобри фудбалери ќе играат против Бугарија за второто место во групата.

На табелата Грузија е сигурно прва со 13 бодови, пред Македонија која има седум, Бугарија е трета со шест, а последен е Гибралтар со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот