Лига на нации: Бугарија го објави списокот на играчи за дуелот со Македонија
Македонската А репрезентација наскоро ќе го започне настапот во новото издание на Лигата на нации, поточно во Лигата „Ц“ за плaсман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Потсетување дека нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски ќе играат во Лигата „Ц“ заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Денеска бугарскиот селектор Јасен Петров објави список од 25 фудбалери на кои ќе смета за првите мечеви во јуни.
На 2 јуни во Разград бугарската селекција ќе ја пречека Македонија во првото коло. Три дена подоцна Бугарите се домаќини на Грузија, а ние гостуваме кај Гибралтар.
Составот на Бугарија за дуелите со Македонија и Грузија во Лигата на нации (Лига “Ц“):
Голмани: Николај Михајлов (Левски), Светослав Вуцов (Славија), Иван Дјулгеров (Черно море).
Одбрана: Петко Христов (Специја), Андреа Христов (Козенца), Иван Турицов (ЦСКА-Софија), Антон Недјалков (Лудогорец), Едисон Јорданов (Вестерло), Божидар Чорбаџијски (Стал Миелец), Пламен Галабов (Макаби Нетанија), Виктор Попов (Черно море).
Среден ред: Георги Костадинов (Арсенал Тула), Тодор Неделев (Ботев Пд), Кристијан Малинов (Леувен), Ивајло Чочев (ЦСКА 1948), Доминик Јанков (Лудогорец), Георги Миланов (Левски), Филип Крастев (Левски), Андриан Краев (Левски).
Напад: Кирил Десподов (Лудогорец), Атанас Илиев (Асколи), Георги Јомов (ЦСКА-Софија), Георги Минчев (Рига), Радослав Кирилов (Славија), Мартин Минчев (Спарта Прага).


