Лига на конференции: Лацио брка негатива, Тричковски и АЕК Ларнака по „чудо“ во Лондон

фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Денеска ќе се играат реванш натпреварите од осминафиналето за пласман во четвртфиналната фаза на Лигата на конференции каде што е веќе Гент кој претходно го елиминираше Истанбул Башакшехир (1:1, 4:1).

АЕК Ларнака на македонскиот интернационалец Иван Тричковски ќе има тешка задача во обид да ја анулира негативата од првиот меч (0:2) на гостувањето во Лондон против Вест хем.

Лацио ќе брка негатива во Холандија откако загуби на домашен терен со 1:2 против АЗ Алкмаар.

Добар резултат за пласман во следната рунда има Лех Познањ од Полска кој брани предност од 2:0 против шведскиот Дјургарден.

Лига на конференции 2022/2023
Осминафинале, реванш
(во заграда се резултатите од првите натпревари)

18.45 часот Дјургарден – Лех Познањ (0:2)
18.45 часот Сиваспор – Фиорентина (0:1)
18.45 часот Слован Братислава – Базел (2:2)
21.00 часот АЗ Алкмаар – Лацио (2:1)
21.00 часот Ница – Шериф Тираспол (1:0)
21.00 часот Виљареал – Андерлехт (1:1)
21.00 часот Вест хем – АЕК Ларнака (2:0)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот