Лига на Европа: Бутел Скопје со негатива се враќа од Австрија
Македонскиот ракометен клуб Бутел Скопје во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на Европа загуби на гостувањето во Австрија со 26:21 од Алпла Хард.
Препорачано
Австријците се поблиску до пласман во групната фаза, а играчите на тренерот Кристијан Грчевски ќе се обидат да ја анулираат негативата на реваншот кој ќе се игра на 4 октомври од 18.45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Најдобри стрелци за Бутел Скопје беа Мирко Мајиќ со пет и Филип Николов со четири погодоци, а се истакна и голманот Бојан Блажески со 15 одбрани.
На спротивната страна најефикасен беше Лука Рашле кој 10 пати се запиша во листата на стрелците.
Лига на Европа
2. квалификациско коло, резултати (први натпревари):
Шамбери – Фејер Веспрем 29:25
Савехоф – Монпелје 24:24
Азоти Пулави – Нексе 32:26
Гепинген – Лемго 28:24
Алпла Хард – Бутел Скопје 26:21
Кристијанштад – Скандерборг Архус 31:32
Стеауа Букурешт – ФТЦ 33:31
Белененсеш – Агуас Санташ Миланеза 20:23
Бидасоа Ирун – Колстад Хандбал 30:27
Бенидорм – Амичитија Цирих 34:24
Спортинг – Бјерингбро Силкеборг 31:22
Квидзин – Флензбург 25:39
Шампионот на Македонија следната сезона ќе игра во ракометната ЛШ


