Лидерот на Хонг Конг позитивен на ковид по самитот на АПЕК на Тајланд

Џон Ли/ Фото EPA-EFE/JEROME FAVRE

Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, е позитивен на коронавирус, по четиридневното учество на Азиско-пацифичкиот економски форум (АПЕК) во Тајланд.

За време на самитот Ли меѓу другите се сретна и со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска владата на Хонг Конг.

Ли беше позитивен на коронавирусот по неговото враќање во Хонг Конг, а по состанокот зад затворени врати со Си на кој двајцата не носеа маски.

Британските медиуми јавуваат дека за време на изолацијата Ли ќе работи од дома, а состаноци ќе одржува преку видео врска.

Други функционери од Хонг Конг, кои беа со него на Самитот во Тајланд, се негативни на тестот за коронавирус, се наведува во соопштението на владата.

На самитот на АПЕК во Тајланд , Ли го промовираше имиџот на Хонг Конг за град што повторно се отвори, откако беше под строги карантински мерки во поголем дел од пандемијата со Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот