Либералите дадоа „зелено светло“ за семафор-коалиција

Лидерот на Либералите, Кристијан Линднер/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Либерално -демократската партија (ФДП) денеска даде зелено светло за почеток на коалициските преговори со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на Зелените за почеток на коалициските преговори за формирање федерална влада, пренесува Ројтерс.  

„Гледаме големи шанси, но и големи предизвици, а јас сум полн со оптимизам дека преговорите за коалиција ќе завршат со формирање коалициска влада меѓу социјалдемократите, зелените и либералите“ рече претседателот на ФДП, Кристијан Линднер, по состанокот на претседателството на партијата во Берлин.  

Тој нагласи дека ФДП ќе биде гаранција дека новата влада нема да биде „левичарска влада“.  

„На изборите на крајот на септември, граѓаните не избраа да станат лево ориентирани. ФДП е гаранција дека владата ќе биде влада на центарот“ – рече Линднер.  

Тој ги отфрли шпекулациите за наводни расправии околу поделбата на обврските кон новата влада. Медиумите објавија дека Линднер и потпретседателот на Партијата на Зелените, Роберт Хабек, се кандидирале за позицијата министер за финансии.  

Преговорите за формирање коалиција добија зелено светло во петокот од претседателството на СПД, а во неделата од раководството на Зелените. 

Страните на можниот сојуз ја ставија во центарот на нивните активности потребата од модернизација на Германија со посебен акцент на дигитализацијата. Доколку преговорите бидат успешно завршени, нов германски канцелар ќе стане кандидатот на социјалдемократите Олаф Шолц. 

Избори во Германија: Олаф Шолц фаворит за канцелар на Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот