Левица: Функционер на ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во повици за силување на наша советничка, бараме итна оставка
Левица реагира на, како што велат од партијата, „алармантното однесување на активистот на ДПМНЕ Кире Михаилов“, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, а кој според Левица „свесно објавил манипулативно скратен материјал од настапот на нашата советничка во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, и потоа активно се вклучи во валидирање на содржини што содржат експлицитни повици на насилство, силување и други грозни сексистички напади“.
Препорачано
„Ова е директна злоупотреба на јавна функција и јавен канал за поттикнување на омраза и закани кон избран претставник. Од функционер со јавни овластувања се очекува воздржаност, одговорност и почитување на правниот поредок, но наместо тоа, сведочиме на активно охрабрување и надоврзување на оваа дигитална толпа со елементи на кривично однесување“, велат од партијата.
„Објавата е лишена од контекстот во кој советничката група на #Левица во Советот на Град Скопје примени филибастер како легитимна алатка, поради систематско ограничување на деловничките права од страна на претседателот на Советот – Даме Димитровски. Повеќе седници наназад беа оневозможувани процедурални обраќања, реплики и контрареплики, со произволно толкување на релевантност, а на последната седница без воопшто да извести за тоа, откако советник од Левица побара збор – истакна дека воспоставил нова неделовничка пракса на одбивање да се даде збор доколку не се пријавиш во истата секунда на почеток на точката. Во такви услови, и после неколкукратните процедурални обраќања и укажувања дека вавиот негов изум е неделовнички и неприменлив – десетминутното молчење беше неизбежен дел од координиран институционален притисок за враќање на правата на советниците. Советниците успеаја во својата цел по десетминутното молчење, односно т.н. “практика“ беше повлечена и правата беа вратени. Намерното отстранување на овој контекст и претставувањето на молчењето целсоно изолирано, претставува свесна манипулација со цел дискредитација и поттикнување на јавна омраза“, додаваат од Левица.
„Дополнително, интеракцијата на Михаилов со коментарите, нивно лајкување и надградување, е квалификувачки елемент кој ја засилува неговата одговорност. Станува збор за коментари што содржат закани за физичко насилство, повици за силување и понижување, што по својата природа можат да влезат во домен на кривични дела. Функционер кој ги валидира овие содржини испраќа сигнал дека таквото однесување е прифатливо. Тоа создава клима на заплашување кон жени, млади девојки во политика и ги одвраќа граѓаните од учество во јавниот живот, што е директен удар врз демократскиот процес. Левица бара итна и неотповиклива оставка од Кире Михаилов. Доколку оставката не биде поднесена, апелираме Управниот одбор на ЈП Национални шуми да постапи и да донесе одлука за негово разрешување, водејќи се од стандардите на јавна одговорност и заштита на угледот на институцијата. Понатаму, бараме од Министерство за внатрешни работи и Јавно обвинителство да поведат постапки за идентификација и санкционирање на лицата што упатиле закани и повици за насилство, како и да ја оценат улогата на функционерот во нивното поттикнување“, пишува во соопштението.
Тетовец на „Фејсбук“ коментирал дека општината манипулира, а како таа ќе реагира? Го блокира


