Леверкузен е првиот финалист во германскиот Куп (ВИДЕО)

фото: твитер

За првпат после 11 години екипата од „БајАрена“ повторно е во големото финале во куп натпреварувањето.

Денеска се одигра првото полуфинале сезонава во Купот на Германија, како гостин составот на Баер Леверкузен со резултат 0:3 го совлада Сарбрикен.

За првпат после 11 години екипата од „БајАрена“ повторно е во големото финале во куп натпреварувањето.

Последното финале во националниот Куп Баер го имаше во сезоната 2008/2009 кога загуби од Вердер бремен со 1:0. Својот прв и единствен куп трофеј го имаше во далечната 1993 година кога со 1:0 беше подобар од Херта.

Стрелци на головите беа Диаби во 11, Аларио во 19 и Белераби во 58 минута од средбата.

На 4 јули Леверкузен на стадионот во Берлин ќе игра против победникот од дуелот Баерн Минхен-Ајнтрахт Франкфурт кој што ќе се игра в среда на „Алијанц Арена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот