ЛеванГОЛски со хет-трик во Гелзенкирхен! (ВИДЕО)

twitter.com/FCBayern

После ремито на стартот од шампионатот со Херта Берлин, овојпат фудбалерите на Нико Ковач не дозволија никакво изненадување, иако беше најавено како дерби на лигашката рунда.

Но, далеку беше тоа од дерби, во Гелзенкирхен блескаше полскиот напаѓач на баварскиот гигант, Роберт Левандовски.

Најпрвин стрелаше од пенал во 20 минута, па зголеми на стартот од вториот дел, а конечниот епилог го постави во 75 минута после асистенцијата на Коман.

Иако си заминаа Робен и Рибери, германскиот шампион летово направи фантастични потези со новите засилувања Перишиќ и Кутињо кои дефинитивно донесуваат огромен квалитет во играта на Баерн, особено во делот на нападот.

Во останатите дуели од саботната програма беа постигнати следните резултати: Аугсбург-Унион Берлин 1:1, Дизелдорф-Баер Леверкузен 1:3, Хофенхајм-Вердер Бремен 3:2, Мајнц-Борусија Менхенгладбах 1:3 и Падерборн-Фрајбург 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот