Левандовски му се реваншира на Меси, ФИФА го прогласи Полјакот за фудбалер на годината

Левандовски е добитник на наградата „The Best“ во избор на ФИФА/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Напаѓачот на Баерн Минхен и на полската репрезентација, Роберт Левандовски е прогласен за фудбалер на годината во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Левандовски во финалниот избор за наградата „The Best“ ги победи Лионел Меси и Мохамед Салах и со тоа му се реваншира на Аргентинецот кој му ја зеде Златната топка.

Исто така на свечената церемонија во Цирих беа прогласени и најдобриот голман, тренер, гол…
За најдобар голман е прогласен Едуард Менди од Челси, додека во женска конкуренција тоа е Кристиане Ендлер од Лион.

Сензационалниот гол на Ерик Ламела во дресот на Тотенхем против Арсенал е прогласен за гол на годината.

Медициснкиот тим да репрезентацијата на Данска која му ги спаси животот на Кристијан Ериксен ја доби наградата за фер-плеј, додека за најдобри навивачи се данските и финските.

Кандидати за тренер на годината беа Томас Тухел од Челси, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола како и италијанскиот селектор Роберто Манчини. Наградата за тренер на година ја доби Тухел кој со Челси триумфира во Лигата на шампионите. Во женска конкуренција, најдобар тренер е Ема Хејс, исто така од Челси.

Најдобриот тим во 2021 година во машка конкуренција е Донарума, Алаба, Бонучи, Диас, Де Брујне, Жоржињо, Канте, Левандовски, Роналдо и Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот