Лев и тренер што сака да експериментира се новите кандидати за клупата на ПСЖ

тијаго Мота е можен наследник на Покетино на клупата на ПСЖ/фото: EPA-EFE/FABIO FAGIOLINI

Челниците на ПСЖ се уште размислуваат кој да биде наследникот на Маурисио Покетино на клупата на францускиот шампион и откако пропадна можноста за договор со Зинедин Зидан, денеска изненадувачки се појавија две нови имиња кои нема да ги израдуваат навивачите, Јоаким Лев и Тијаго Мота.

Зидан по Светското првенство што во ноември и декември ќе се игра во Катар, треба да биде новиот селектор на француската репрезентација и затоа ја одби понудата да седне на клупата на ПСЖ, со што во игра останаа само три имиња, тоа на Антонио Конте и од денеска, тоа на поранешниот селектор на Германија како и на поранешниот играч на „светците“.

Јоаким Лев по напуштањето на клупата на германската репрезентација минатата година, се уште е без ангажман. На сопствениците на ПСЖ, им се допаѓа неговиот стил на игра.
последното име изненадувачки е тоа на Тијаго Мота кој е поранешен играч на ПСЖ, а сега седи на клупата на италијанската Специја каде експериментира со формацијата на игра. Имено, Мота сака да внесе револуција во фудбалот со имплементација на нов систем на игра и тоа 2-7-2.

– Сакам моите екипи да играат офанзивен фудбал и сакам да ја контролираат топката со висок пресинг и со многу трчање без неа. Сакам мојот играч кој ја има топката во своите нозе, во секој момент да има три или четири решенија и барем двајца играчи во близина за да му помогнат. Минатата недела игравме со формација 2-7-2 во која голманот е меѓу оние седум играчи од среднот ред. За мене, напаѓачот е првиот играч во одбраната, а голманот прв напаѓач. Со голманот започнува играта во напад, а напаѓачите се првата линија на притисок врз противничките одбрани – размислува Мота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот