Летна комбинација за десетка: Џенифер Анистон не знае да погреши (ФОТО)

профимедиа

Џенифер Анистон е уловена на улиците во Лос Анџелес во опуштено летно издание додека шетала низ бутиците.

Холивудската актерка облекла едноставен бел памучен комбинизон со опуштен крој, што е очекувано со оглед на тоа дека летните температури се во ек.

профимедиа

Летниот стајлинг го заокружи со папучи. Во текот на прошетката зборувала на мобилен, додека пред неа бил нејзиниот телохранител кој се обидувал да ја одбрани од љубопитните фотографи.

профимедиа

Од модните додатоци кои воедно се одлична заштита од сонче таа на себе ставила каубојски шешир и очила за сонце.

Толку едноставно, а толку убаво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот