Лестер Бо Мекејлеб не ја заборава Македонија! (ВИДЕО)

фото: cnn.com

Американскиот плејмејкер беше еден од најзаслужните за досега најдобриот пласман на една наша сениорска селекција на европските шампионати.

Лестер Бо Мекејлеб (35) на својот Инстаграм профил сподели снимка од едно негово забивање во дресот на македонската репрезентација.

Овој момент се случи пред полните трибини во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје на еден од квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2011.

View this post on Instagram

??‍♂️ ???

A post shared by Bo Mccalebb?? (@lmccale4) on

Американскиот плејмејкер беше еден од најзаслужните за досега најдобриот пласман на една наша сениорска селекција на европските шампионати.

Потсетување дека на континенталниот собир во 2011 година во Литванија беше освоено четвртото место, многу блиску до медал беа играчите предводени од тогашниот селектор Марин Докузовски.

Мекејлеб во својата клупска кариера беше дел од Мерсин ББ, Партизан, Монтепаски Сиена, Фенербахче, Баерн Минхен, Лимож, Гран Канарија и Сарагоса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот