Лесор ги налути во Белград: Сега ќе работам со најдобриот тренер во светот

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Матијас Лесор пред неколку дена го официјализираше својот трансфер во редовите на Панатинаикос, а откако се збогуваше со црно-белите сега и го навлече бесот на фановите на белградскиот тим.

Одличниот кошаркар во изјава за официјалниот сајт на Панатинаикос порача дека заминал да игра за најдобриот тренер во Европа. Ова секако не беше добро прифатено во Белград затоа што Лесор најдобрите настапи во неговата кариера ги пружи под водство на Жељко Обрадовиќ.

Поради тоа неговата изјава се смета за „предавство“, иако напомена дека мисли на последните пет години во Евролигата.

„Тренерот Ергин Атман во последните пет години е најдобриот во Европа. Двапати ја освојуваше Евролигата, а да не беше прекинатата сезона со коронавирусот можеа да бидат и три. Навистина е одличен и искусен тренер кој знае како се победува. Со нетрпение чекам да видам како ќе ја направи мојата игра подобра“, изјави Лесор.

Со Панатинаикос, Лесор потпиша договор на две години, а според најавите и грчкиот репрезентативец Папапетру со кој беше соиграч во Партизан ќе му се придружи во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот