Лепа Брена најави концерт во Арена Загреб пред неполни 24 часа: Билетите се распродадени

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ extra_fm

Лепа Брена доаѓа во Арена Загреб кон крајот на следната година. Српската ѕвезда вчера најави концерт во загрепската Арена, а за неполни 24 часа од објавата нема веќе влезници.

„Знаете дека концертите треба да ги испланираме година-две однапред, па она што најмногу ми е мило да го соопштам… Драги мои, кои сакате убаво да си поминете и да уживате во песните на Лепа Брена, се гледаме во Арена на 6 декември 2024 година“, изјавила пејачката за „Екстра ФМ“.

Фото: Принтскрин Инстаграм/ extra_fm

Лепа Брена синоќа гостуваше на четвртиот концерт на Александра Пријовиќ. Тие заедно со Јелена Розга ја отпеаја песната „Хајде да лудујемо“.

“Кога Брена првпат гостуваше на мојот концерт, долго размислував како да ја најавам. Тогаш сфатив – она е најголемата од сите, Лепа Брена! Ти благодарам што секогаш ми беше како мајка. Јас многу те сакам и многу сум среќна што ме советуваш и живеам во твое време“, и порача Пријовиќ на Брена на сцената.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ aleksandraprijovic

Потоа заедно ги испеаја песните „Пожели сречу другима“ и „Чик погоди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот