Лепа Брена ја изнајмува својата луксузна вила за 1000 евра на ден
Брена ја отстапила својата вила на агенција која се занимава со изнајмување на објекти за снимање на реклами, серии, филмови, спотови и останата телевизиска продукција и тоа за доста висок надомест.
Препорачано
Пејачката Лепа Брена неодамна наполни 60 години. Таа цело лето крстареше со сопругот Слободан Боба Живоиновиќ (57), а во моментов ужива во Мајами.
А додека тие двајца патуваат низ светот, нивната луксузна вила на Бежаниска коса во Белград не собира прашина.

Српските медиуми пишуваат дека пејачката ја отстапила својата вила на агенција која се занимава со изнајмување на објекти за снимање на реклами, серии, филмови, спотови и останата телевизиска продукција.

А за овој бизнис Брена ќе добива ниту помалку ниту повеќе, туку 1.000 евра на ден.
Како што дознаваат медиумите од извори блиски на пејачката, таа и Боба се договориле за потребите на изнајмување да се користи целото приземје.

Наводно многумина биле заинтересирани и многу им се допаднал изгледот на елитната резиденција, но деталите за изнајмување се чуваат во строга тајност.
Во последните месеци се шушкаше дека Брена ќе ја продаде вилата, но таа го демантираше тоа. Засега таа одлучи вилата во која жиее повеќе од три децении да ја искористи на најдобриот можен начин.

Додека се во Србија тие ќе си бидат во својот дом, а додека патуваат ќе ја изнајмуваат. Колку повеќе расте побарувачката толку ќе расте и цената.


