Леонардо ди Каприо со апел до албанските политичари: Заштитете ја реката Вјоса, прогласете го подрачјето за национален парк

Фото: mia.mk

Светски познатиот актер Леонардо ди Каприо, во рамки на кампањата што ја води за заштита на албанската река Вјоса, упати апел до албанските политичари да се откажат од изградба на хироелектрана и ова подрачје да се прогласи за Национален парк.

Преку објава на Инстаграм, Ди Каприо пишува дека Вјоса е најголемата дива река во Европа и е од витално значење за повеќе од 1.100 видови слатководни риби.

Актерот директно им се обраќа на лидерите на трите најголеми политички партии лидери на најголемите партии во земјата, како и до претседателот на републиката, Илир Мета.

– Минатата недела, на Меѓународниот ден на водата, активисти ширум Европа ги повикаа албанската влада и Европската комисија да ја поддржат иницијативата реката Вјоса да стане национален парк. Реката Вјоса е најголемата дива река во Европа. Текот на реката е над 300 километри од изворот на планините во Грција до Јадранското Море. Реката е од витално значење и важна за повеќе од 1.100 видови слатководни риби и е од културно значење за луѓето во Албанија, апелира Ди Каприо во видеозапис.

Потсетува и на тоа дека Европскиот парламент ги повикал албанските власти „да го создадат Националниот парк Вјоса што е можно поскоро, проширувајќи го по целата должина на реката”.

Тој минатата година им се придружи на повиците упатени до властите на Босна и Херцеговина перманентно да се забрани изградбата на мини-хидроцентрали и така да се спречи уништувањето на реките и на животната средина во оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот