Лео Меси од наредната сезона ќе има нов клуб!?

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Сагата околу Лионел Меси која траеше минатото лето, заврши со тоа што Аргентинецот беше принуден да остане во Барселона, но тој веќе може да замине како слободен агент следното лето.

Аргентинецот беше решен да ги напушти редовите на каталонскиот гигант среде резултатската криза на клубот и лошите односи со Бартомеу, на крајот тој остана, иако постои можноста да се раздели со Каталонците за кои толку многу придонесе во последните две децении.

Од претходно најмногу се зборуваше за заминување на Меси кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити, кој сè уште е познат како еден од фаворитите кога станува збор за доведување на волшебникот од Росарио, но француското радио „РМЦ“ сега носи информации кои велат дека Меси ќе направи трансфер во Франција.

Бомба на Нејмар: Јас и Меси треба да играме заедно идната година

– Лионел Меси ќе биде во ПСЖ следната година. Јас сум сериозен. Меси ќе биде во ПСЖ – изјави во етерот спортскиот новинар на „РМЦ“, Даниел Риоло, со што ги полуде навивачите на оваа екипа во чии редови настапува екс соиграчот на Меси, Бразилецот Нејмар.

ПСЖ е една од ретките екипи која може да ги исполни сите желби на Меси, но се смета дека токму Нејмар е една од клучните причини доколку еден од најдобрите играчи на светот на крајот навистина одлучи да игра во Париз.

Барса од друга страна сè уште не е подготвена за преговори и не сака живот без нивната икона, но сега многу ќе зависи од претседателските избори, иако секој од кандидатите инсистира на тоа дека ќе го задржи Меси доколку победи. Едно е сигурно, Меси никогаш не бил поблизу до преселба во друг тим.

Привремениот претседател на Барса: Јас би го продал Меси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот