Ленче Ристоска / Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Ленче Ристоска очекува Уставниот суд да поведе постапка за новите измени на Кривичниот законик

„Очекувам Уставниот суд да отвори предмет за измените на Кривичниот законик со кој дополнително се амнестираат функционерите, особено во делот за јавни набавки“, рече вечерва во гостување на ТВ „24“ обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител, Ленче Ристоска.

„На една заедничка дебата, претседателот на Уставниот суд ми разјасни дека во вакви случаи Уставниот суд не ја цени само формалната уставност, односно процедурата во која е донесен законот, туку и материјалната уставност, односно дали со измените навистина е променета состојбата на подобро или можеби сите забелешки кои стоеле и претходно, продолжуваат да постојат“- рече Ристоска.

Таа смета дека најпроблематични се измените поврзани со злоупотребите на јавните набавки.

„Прво, за измените на КЗ од 2023 година можам да кажам дека мене ми беше неверојатно со која леснотија се изгласаа ваков тип на промени кои промовираа и корупција и неказнивост на отворени врати. И сега, кога јавноста е сензибилизирана за ова прашање и се води јавна дебата и во најмала рака се очекува да се врати претходното решение, се носи законско решение кое што не е она што е очекувано, ниту пак е унапредено во позитивна смисла најголемите забелешки кои што ја ги имам во ова законско решение се во делот на злоупотребите на јавните набавки. Се враќа ставот 5 од членот 353, меѓутоа овој пат се ограничува само на две фази на јавни набавки. Првата фаза, односно органот требало да спроведе јавна набавка и не спровел, речиси и да нема такви случаи и втората е надвор од определената сума ќе се зголемува висината на јавната набавка, вакво нешто беше во минатото пракса но се повеќе се искоренува. Остануваат неадресирани оние прилагодувања на тендери според кој сакате вие да го добие тендерот, нацртани тендери, фаворизирање на фирми, склучување на договор за јавна набавка за која што нема реална потреба, толерирање на незаконитости при јавна набавка… Е, сега, бидејќи не е изрично опфатено, мене ми се отвора прашањето каков став ќе заземе правната фела, дали сето тоа што не е опфатено е декриминализирано, или пак ќе одиме по став како минатиот пат во 2023 година и ќе се оди со поблага квалификација“, рече Ристоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот