Ленард: Ти благодарам Коби, за сè што направи за мене! (ВИДЕО)

фото: твитер

Каваи беше прогласен за најкорисен играч и е првиот што ја доби наградата МВП именувана по славниот НБА кошаркар, Коби Брајант.

Кошаркарот на ЛА клиперс, Каваи Леонард после Ол-стар натпреварот во НБА рече дека е благодарен на Коби Брајант.

Каваи беше прогласен за најкорисен играч и е првиот што ја доби наградата МВП именувана по славниот НБА кошаркар, Коби Брајант.

– Едноставно немам зборови. Сакам да му се заблагодарам на Коби за сè што направи за мене. За сите долги разговори и обука. Ти благодарам. Ова е за него.

„Тимот“ на Леброн го совлада „Тимот на Јанис“ со конечен резултат 157:155. Ленард беше најефикасниот со учинок од 30 поени.

Коби Брајант го загуби животот на 41 година во хеликоптерска несреќа. Заедно со него, почина неговата ќерка Џиана и уште седум лица. Брајант беше петкратен НБА шампион со Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот