Лекот на „АстраЗенека“ штити 83 отсто од ковид-19

АстраЗенека Фабрика
Фабриката на АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ денеска објави дека нејзиниот лек, коктел од антитела против коронавирусот, нуди 83 отсто заштита во текот на шест месеци, пишува Си-Ен-Би-Си њуз.

Претходните студии тврдеа дека терапијата наречена „AZD7442“ обезбедува 77 отсто заштита од симптоматска болест по три месеци, пренесува Ројтерс.

„Новите податоци го поддржуваат зголемениот број докази кои ја поддржуваат можноста AZD7442 да прави значајна разлика во превенцијата и лекувањето на ковида-19“, рече потпретседателот на компанијата Мене Пангалос.

Фармацевтската компанија исто така соопшти дека посебна студија спроведена на пациенти со благ до умерен ковид-19 покажала дека поголема доза на AZD7442 го намалува ризикот од влошување на симптомите за 88 проценти кога се дава во рок од три дена од првите симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот