Лекари тврдат дека Аргентинка без лекови се излечила од ХИВ

Жена со симболот на ХИВ
Жена со симболот на ХИВ / Фото: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY

Лекари тврдат дека жената од Аргентина е втората личност во светот на која и официјално е потврдено дека нејзиното тело е излечено од ХИВ без употреба на лекови.

30-годишната мајка, на која за прв пат и бил дијагностициран ХИВ во 2013 година, рече дека ужива во своето здравје.

„Уживам во своето здравје. Имам здраво семејство. Не морам да се лекувам, живеам како ништо да не се случило. Ова е веќе привилегија”, изјавила неименуваната пациентка.

„Ова е вистинско чудо на човечкиот имунолошки систем“, рече имунологот Ксу Ју од Бостонскиот институт. Докторот Стивен Дикс се согласува со него, кој верува дека е дојдено време да се разбере механизмот зад овој процес на лекување.

„Сега треба да ги разбереме механизмите. Како се случува ова и како можеме да го примениме терапевтски на други луѓе? изјави Дикс, пренесува Ен-Би-Си њуз.

Зошто е тешко да се излечи ХИВ?

Се покажа дека ХИВ е исклучително тешко да се искорени од телото бидејќи инфицира одредени долговечни имунолошки клетки, познати како вирусен резервоар, кои можат да поминат долги периоди на мирување. Тие дозволуваат вирусната ДНК, позната како провирус, да помине под радарот на антиретровирусен лек кој може да го нападне вирусот само во заразените клетки кои активно прават нови копии на ХИВ.

Ју исто така водел студија објавена во списанието „Nature“ во август 2020-та година, во која биле разгледани 64 луѓе кои, како Аргентинката, се таканаречени „елитни контролори на ХИВ“. „Контролорот“ е, во просек, еден од 200 луѓе со ХИВ чиј имунолошки систем некако ја одржува репликацијата на вирусот на многу ниски нивоа без употреба на антиретровирусни лекови.

Т-клетки

Научниците открија дека имунолошкиот систем на овие лица првенствено ги уништува оние клетки кои содржат ХИВ што може да се копира. По обработката на имунолошкиот систем, во телото остануваат само инфицирани клетки во кои вирусот се наоѓа во некаква генетска мртва зона.

Еден член на групата, 67-годишната Лорин Виленберг, на која и беше дијагностициран ХИВ во 1992 година, се покажа дека е целосно поразена од имунолошкиот систем. Ју верува дека и двете жени имале силен одговор на Т-клетките, кои би можеле да се користат во идните терапии.

Видео на денот