Лекар тврди дека поместувањето на часовникот на летно сметање штетно влијае на еден орган

Фото: Pixabay / Anna Capictures

Никој не би можел ни да помисли дека вакво „банално“ нешто може да има толкаво влијание врз здравјето на човекот, меѓутоа, нашето здравје зависи од многу различни фактори, внатрешни и надворешни, а поместувањето на часовникот особено влијае на еден орган.

Летното сметање на времето во Македонија започна ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 31 март, кога часовниците ги поместивме во 2 часот наутро на 3 часот по полноќ.

Голем број студии докажаа дека овој принцип е штетен за општото здравје, особено кога се во прашање хроничните пациенти, па затоа советот на експертите е да ја зголемите грижата за себе во овој период.

Од друга страна, повеќето нема да почувствуваат никакви последици, иако жените кои се грижат за младешкиот изглед и негата на кожата може да се соочат со една непријатност.

Имено, водечките дерматолози тврдат дека поминувањето еден час помалку во креветот влијае на нашиот внатрешен часовник, поради што кожата почнува побрзо да старее.

– Секое нарушување на нашиот внатрешен ритам има негативни последици, повеќе или помалку, а тоа прво се рефлектира на кожата – вели Кендис Браун од угледната лондонска клиника.

Истражувањата покажаа и дека нашата кожа има сопствен ритам според кој функционира и дека постои одредено време кога таа се обновува, најчесто попладне или навечер. Кога тоа ќе се наруши од пролетното поместување на часовникот, се јавува нерамнотежа (дисбаланс), па затоа треба да ѝ помогнеме.

Се препорачува да направите пилинг за да ги отстраните сите мртви клетки, со што кожата ќе блесне со нов сјај. Исто така, нахранете ја кожата со серум со витамини Е и Б и богат хидратантен крем. Тоа треба да ги ублажи последиците од оваа промена.

Да потсетиме, сè почесто се споменува предлогот да се укинат ваквите практики и земјите да се определат за летно или за зимско сметање на времето, но одлуката за ова се одложува.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот