Лејкерси и официјално го претставија новиот тренер

НБА тимот Лос Анџелес лејкерс објави дека Френк Фогел  и официјално е поставен на функцијата главен тренер.

На официјалната веб-страница на клубот се објаснува дека во согласност со тимската политика, условите на договорот не се обелоденети.

Вогел се обврза на тригодишна соработка со „езерџиите”. Тој претходно работеше со Индијана, која двапати ја однесе до полуфиналето во плејофот, како и Орландо  со кој постигна 29 и 25 победи во две сезони.

Асистент на Фогел во ЛА лејкерс ќе му биде Џејсон Кид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот