Лејди Гага откри нови детали за справувањето со улогата во „House of Gucci“: Имав психијатриска медицинска сестра со мене
Лејди Гага открива повеќе за дистанцата која е спремна да ја изоди за нејзиниот метод на глума и целосно вложување на себеси во своите дела. А за последното нејзино дело, филмот „House of Gucci“, открива дека отишла толку многу далеку, што имала потреба од професионална помош – психијатриска!
35-годишната актерка, која моментално може да се види на големото платно во носечката улога од филмот „House of Gucci“, откри дека најмила психијатриска медицинска сестра да биде со неа на сетот додека ја портретира Патриција Реџиани.
View this post on Instagram
Гага сподели дека ја ангажирала медицинската сестра за да и помогне во последните недели од снимањето на филмот во Италија.
„Имав психијатриска медицинска сестра со мене кон крајот на снимањето. Некако се чувствував како да морам. Чувствував дека е побезбедно за мене. Тоа е затоа што секогаш бев Патриција. Секогаш зборував со мојот акцент. И дури и ако зборував за работи кои не се поврзани со филмот – не се преправав дека Маурицио ме чека долу – јас сè уште го живеев мојот живот. Јас само го живеев тоа како неа“, изјави Гага
View this post on Instagram
Таа продолжи, велејќи дека ја носела темнината со себеси дома бидејќи нејзиниот живот бил мрачен.
„Не мислам дека некој актер треба да се турка себеси до таа граница. И цело време се прашувам зошто го правам тоа. Направив неколку прилично екстремни уметнички дела во текот на мојата кариера – работите низ кои го ставив моето тело, мојот ум. Тоа е како орев од тага во мојот стомак додека го кажувам ова. Не знам зошто сум таква“, додаде Гага за нејзиниот пристап кон улогата и работењето.
View this post on Instagram
Гага мисли дека најдобриот одговор што би можела да го даде е дека има еден вид романтична врска со страдањата за твојата уметност што ја развила како млада девојка, и тоа понекогаш оди предалеку – а кога ќе отиде предалеку, може да биде тешко да го контролираите самите.
Претходно, Гага се отвори за нејзиниот метод на глума, што ја турна до степен да се разболи физички.
View this post on Instagram