Легендаta на Ливерпул, Далглиш е позитивен на коронавирус

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, а потоа и менаџер, Кени Далглиш е позитивен на коронавирус, објавија англиските медиуми.

Далглиш е хостипализиран во болница во Ливерпул откако тестот покажал дека тој е позитивен на ковид-19 иако засега нема никакви симптоми на болеста.

Следејќи ги процедурите од здравствените работници, тој беше тестиран иако немаше симптоми на болеста или на било каков грип. Тестот беше позитивен, по што беше задржан во болница. Тој се чувствува добро и нема никакви компликации“ стои во соопштението на неговото семејство.

Тие исто така објавија дека легендарниот фудбалер засега се чувствува добро и започнал со терапија со антибиотици.

Кени Далглиш 13 години настапуваше за екипата на Ливерпул, од 1977 до 1990 година, и за тоа време шест пати триумфира во англиското првенство и три пати Купот на европските шампиони.

На клупата на Ливерпул седеше во два наврати, од 1980 до 1991 година, а потоа и од 2011 до 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот