Легендата и иден тренер на Барселона се огласи на денот на изборите,
Денеска околу 110.000 „сосиоси“ (членови на Барселона) го избираат идниот претседател на каталонскиот тим. Изборите се сметаат за најважни во последните 30-тина години бидејќи ќе ја одредат судбината на клубот кој се наоѓа во големи финансиски проблеми.
На денот на изборите, конечно се огласи легендарниот капитен на Барселона, Чави Ернандез и тоа преку социјалните мрежи. Чави ги повика членовите на Барселона да излезат да гласаат, но притоа не зазеде ниту една страна. Иако откако ја најави кандидатурата, Виктор Фонт, како еден од адутите го најавуваше токму Чави иако ниту еднаш јавно не ја доби поддршката од легендарниот капитен.
“Од Доха ги повикувам сите „сосиоси“ да гласаат на изборите. Да живее Барса“, порача Чави.
Ваквата порака на Чави за фановите ја сметаат за дипломатска со која тој се дистанцира од сите претседателски кандидати, Виктор Фонт, Жоан Лапорта и Тони Фреикса и според нив ваквата неутрална порака може да влијае на гласачите. Според најголем дел од анкетите, апсолутен фаворит е поранешниот претседател Жоан Лапорта, но навивачите стравуваат дека Фреикса кој е човек на сега веќе поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу, со сомнителни „игри“ може да направи изненадувачки резултат. Тоа најдобро го покажува анкетата која ја направи друга легенда на Барселона, Карлес Пујол. Имено, тој во петокот на својот профил на Твитер постави прашање кој треба да биде новиот претседател на клубот. Жоан Лапорта за многу брзо време доби 90% од гласовите, но ботовите на Бартомеу и Фреикса до крајот на анкетата, ги „свртеа“ бројките и потпретседателот доби најмногу гласови.
Новиот претседател ќе биде познат околу 23 часот вечерва.
Cuidado con los bots de Freixa
— Leo (@FCB_Leo_) March 5, 2021