Легендарниот Савиола доаѓа во Скопје!

stadiumastro.com

Шкупи се најде во група заедно со екипите на Локомотив од Летонија, Кардиф од Велс и Енкамп од Андора. Само првопласираниот ќе избори место во следната фаза, а домаќин на турнирот ќе биде Шкупи.

Доколку нашиот претставник успее да биде победник во групата, во наредната главна фаза би играл во Хрватска против Ново Вријеме Макарска, победникот од прелиминарната група Д и победникот од прелиминарната група Ц.

Првиот круг ќе се игра турнирски во периодот од 27 август до 1 септември 2019 година.

На самата ждрепка присуствуваше и еден од славните фудбалски имиња кое одлучи да настапува и во футсалот.

Станува збор за легендарниот Хавиер Савиола кој сега има 37 години, а во текот на кариерата настапуваше за Барселона (123 натпревари/49 голови), Монако, Севиља, Реал Мадрид, со „кралевите“ по еднаш ги освои трофеите во „Ла Лига“ и шпанскиот Суперкуп. Со Севиља беше освојувач на тогашниот Куп на УЕФА (сега Лига Европа) во сезоната 2005/06.

Тој моментно е член на Енкамп, футсал екипата од Андора, еден од ривалите на Шкупи, а на ждрепката интересно го извлече токму името на неговиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот