Легендарниот рекордер во Премиер лигата Милнер ја заврши играчката кариера
Поранешниот англиски репрезентативец, Џејмс Милнер, објави дека одлучи да ја заврши играчката кариера.
Препорачано
Договорот на Милнер истече откако ги помина последните три сезони во Брајтон. Милнер играше во Премиер лигата вкупно 24 сезони.
Милнер играше и за екипите на Ливерпул, Манчестер сити, Њукасл, Свиндон и Лидс.
– Имав среќа да доживеам неколку незаборавни моменти, од борба за опстанок до освојување трофеи, играње во Европа и претставување на мојата земја на две европски првенства и две светски првенства. Но, повеќе од сè, луѓето и пријателствата што ги стекнав во текот на мојата кариера се она што ќе го негувам засекогаш – рече Милер во објавата на социјалните мрежи.
Играше за шест клуба во Премиер лигата, а во февруари го урна рекордот за најмногу настапи во елитниот англиски ранк. Ја заврши кариерата со вкупно 658 настапи во Премиер лигата.
Освои три титули во Премиер лигата, две со Манчестер сити и една со Ливерпул.
Тој, исто така, му помогна на клубот од Енфилд да ја освои Лигата на шампионите во 2019 година. Тој има одиграно 61 натпревар за најдобрата репрезентација на Англија.
James Milner has announced his retirement from football. Congratulations on an incredible career, James ❤️
— Liverpool FC (@LFC) June 1, 2026


