Легендарниот Паоло Малдини добива ангажман во клуб од Премиер лигата?

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Aнглискиот премиерлигаш Њукасл е во потрага по нов спортски директор, а според пишувањето на италијанските и англиските медиуми тоа би можел да биде 55-годишниот Паоло Малдини.

Островските медиуми го најавуваат Малдини како наследник на Ден Ешворд кој најверојатно ќе се пресели на „Олд Трафорд“. Неговиот договор истекува во 2026 година, меѓутоа Јунајтед е спремен да плати десет милиони евра и да го доведе веднаш. Њукасл бара 20 милиони евра, меѓутоа би можеле да пронајдат заеднички јазик некаде на средина.

Малдини во овој момент е без договор, одби неколку понуди од Саудиска Арабија и стави до знаење дека е спремен да започна нова епизода во друг европски клуб. Њукасл би можел да биде одлично решение затоа што е клуб кој може да му овозможи доведување на нови играчи бидејќи нема финансиски проблеми.

Според информациите, Малдини е првиот избор на раководството на Њукасл, а како резервна опција е Пол Мичел, поранешниот играч на Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот