Легендарниот Фабио Кваљарела објави крај на кариерата

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Италијанскиот ветеран, Фабио Кваљарела објави крај на кариерата откако во изминатите неколку месеци не успеа да пронајде ангажман по заминувањето од Сампдорија.

40-годишниот Кваљарела беше слободен играч откако му заврши договорот со Сампдорија, но не доби ниту една понуда која што би го мотивирала да продолжи, па така се збогуваше со играњето фудбал.

„Принуден сум да престанам да играм. Слободен агент сум, но и свесен дека мојата физичка форма е далеку од посакуваното ниво. Завршувам со играњето и сега треба да размислам каков ќе биде мојот следен чекор во животот “, објави Кваљарела.

Во кариерата Кваљарела одигра 565 натпревари во Серија А и постигна 182 гола како член на Сампдорија, Удинезе, Наполи, Торино и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот