Легендарниот Џејсон Кид стана косопственик на славен премиерлигаш
Легендарниот НБА кошаркар и актуелен тренер на Далас Маверикс, Џејсон Кид, влезе во сопственичката структура на англискиот фудбалски клуб Евертон, објави клубот од „Гудисон Парк“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Кид е десеткратен Ол-стар учесник и еден од најдобрите кошаркари на својата генерација, го освои шампионскиот прстен со Далас во 2011 година и двапати злато со репрезентацијата на САД на Олимписките игри во 2000 и 2008 година. Како тренер, ги водеше Бруклин нетс и Милвоки бакс, пред да ја преземе клупата на Маверикс.
„Чест ми е што станувам дел од сопственичката структура на Евертон во ваков клучен момент. Со новиот стадион на хоризонтот и иднина која изгледа навистина ветувачка, ова е совршено време за да се приклучам“, изјави Кид.
Извршниот претседател на Евертон, Марк Вотс, му посака добредојде на новиот партнер:
„Во име на клубот со задоволство ја поздравуваме НБА легендата Џејсон Кид како дел од нашата сопственичка група. Тој е еден од најголемите играчи во историјата на НБА, а денес и успешен тренер. Неговото искуство и победнички менталитет ќе бидат од огромна важност за Евертон. Како признат лидер и име што инспирира многу спортски фанови, тој ќе донесе ново ниво на разбирање за врвните перформанси во нашиот клуб, додека заеднички се стремиме да изградиме посветла иднина за овој легендарен клуб“, истакна Вотс.
We are delighted to announce a further addition to the Club’s ownership group.
Jason Kidd, the Head Coach of the NBA’s @dallasmavs, has joined Roundhouse Capital Holdings, part of The Friedkin Group. 🔵
— Everton (@Everton) April 24, 2025


