Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и грло

фото: Profimedia

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова денеска откри дека боледува од два вида на рак, пренесува „Гардијан“. Навратилова боледува од рак на дојка и грло, а болеста била дијагностицирана во ноември минатата година.

Британските медиуми потсетуваат дека тенисерката го победи ракот на дојката во 2010 година.

Навратилова тврди дека во ноември минатата година отишла на лекарски преглед за време на финалето на ВТА во Форт Ворт, кога ѝ било кажано дека има два вида на рак.

– Ова е двоен удар, а ситуацијата е навистина сериозна. Ситуацијата секогаш може да се подобри и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но што и да правам, ќе се борам сѐ додека имам сила – рече Навратилова.

Претставниците на познатата тенисерка најавија дека Навратилова ќе започне со лекување во јануари и дека прогнозите се добри. Навратилова (66) во кариерата освои 18 Грен слем трофеи во поединечна конкуренција, а 41 титула во конкуренција на двојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот