Ледена бура во САД: Најмалку 21 жртва, милиони домови без струја, температурата во Минесота се спушти до -39

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Најмалку 21 лице го загуби животот поради снежно невреме што ги зафати САД додека милиони останаа без струја во централниот и во јужниот дел на државата. Најголеми проблеми со снабдување со електрична енергија има во Тексас, каде над четири милиони домаќинства и деловни објекти се без електрична енергија. Четири милиони луѓе се без електрична енергија и во Мексико. Други 250.000 луѓе се без електрична енергија по ледената бура во северозападен Орегон.

Во Северна Каролина загинаа три лица, откако торнадо погоди крајбрежен град, додека во Тексас, четворица членови на семејството загинаа во пожар во реонот на Хјустон, обидувајќи се да се загреат. Пријави за смртни случаи има и во Луизијана, во Кентаки и во Мисури.

Има предупредувања за екстремно студено време од Канада до Мексико. Во Чикаго има снежна покривка од 46 сантиметри, училиштата се затворени, а наставата се одржува од далечина. Снег има и на брегот на Мексиканскиот залив.

Снежното невреме ја загрозува програмата за имунизација на коронавирусот. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е можно да се одложи снабдувањето со вакцини.

Остин веќе 24 часа нема електрична енергија и во некои куќи температурата падна на 1-2 степени целзиусови. Многу луѓе, исто така, немаат пристап до вода поради замрзнати или пукнати цевки.

Во некои населени места се регистрирани и рекордно ниски температури. Живата на термометарот во Минесота се спушти до -39 степени целзиусови, а во Јужна Дакота до -32 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот