Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Ле Пен се заканува со излез на Франција од НАТО

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен, ветила дека ако победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлатнската Алијанса.

Ле Пен нагласила дека нема да ги префрла француските трупи ни во комбинирана команда на Алијансата, ниту ќе бидат на располагање на идната европска команда, пренесува новинската агенција Франс прес 24.

Според нејзините зборови, Франција нема да се потчини на американскиот протекторат. Францускиот кандидат за претседател Ле Пен исто така истакна дека ја поддржува идејата за зближување со Русија.

„Кога ќе заврши војната во Украина и ќе се воспостави мир, ќе се залагам за стратешко приближување на НАТО и Русија. Тоа е во интерес на Европа и САД“, рекла таа.

Кандидатката за иден француски претседател појасни дека не сака Франција да ја напушти Европската унија и додаде дека ќе го почитува Парискиот договор за климатските промени, пренесе Ројтерс.

Инаку првиот круг од претседателските избори во Франција се одржа на 10 април. Актуелниот претседател Емануел Макрон освои 27,84 отсто од гласовите, а Марин Ле Пен 23,15 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот