ЛАЖНА ВЕСТ ЗА КОРОНА: На Клинички има полиција поради затвореник, а не поради новиот вирус

На социjалните медиуми вечерва се појави информација дека во Клиничкиот центар во Скопје е донесен пациент со коронавирус и дека поради тоа има полициско обезбедување во центарот.

„Моментално е блокирана цела државна болница од едниците за брзо распоредување бидејќи се носи пацент со кopoнавирусот“, се наведува во објавените посотови.

Од Министерството за здравство велат дека нема ваков случај, односно дека станува збор за лажна вест. Полициското обезбедување во Клиничкиот центар вечерва било присутно заради спроведување на затвореник од висок ризик на лекарски преглед.

И министерот за здравство Венко Филипче на твитер објави демант на оваа вест.

„Остро ја демантираме оваа вест,  во државата нема ниту еден заболен од коронавирус“, напиша министерот.

Надлежните апелираат да не се шири паника и лажни вести за коронаврусот.

М.Ш.П.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот