Лажела дека престојува во странство – Бар Рафаели осудена поради затајување данок

Фото: ЕПА

Израелското правосудство во неделата ја осуди познатата манекенка Бар Рафаели на девет месеци општокорисна работа и и изрече казна во износ поголем од 600.000 евра поради затајување данок.

Израелскиот топ модел, со три милиони следбеници на Инстаграм, беше осудена на 20 јули за давање лажни изјави за периоди на престој во странство со цел да ги избегне израелските даноци.

Таа се изјасни за виновна според договорот кој предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, или 610.000 евра, како и надоместок за заостанатите даноци.

Договорот го потврди судот на Тел Авив во неделата, пренесува АФП.

Израелските граѓани кои престојуваат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинуваат манекенката и нејзината мајка дека пријавиле фиктивен престој во странство за да ја искористат дупката во израелскиот закон и да платат помалку данок.

Мајката на манекенката, Тципи Рафаели, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за казната, осудена е на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, со плаќање и на заостанатите даноци.

Бар Рафаели ќе започне со работа за општо добро на 21 септември.

Оваа пресуда конечно стави крај на долгогодишната судска постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот