Лазаров со Нант во финалето на францускиот Куп

Кирил Лазаров во дресот на францускиот Нант/фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Прв финалист во францускиот национален Куп е екипата на Нант која во 33:30 го елиминираше Шартр во полуфиналната фаза од натпреварувањето.

Составот на Алберто Ентрериос на 11 јуни ќе се бори за куп трофејот против победникот од вториот полуфинален меч помеѓу ПСЖ и Тулуз (сабота, 19.00 часот).

„Канаринците“ ќе имаат можност да го освојат вториот трофеј оваа сезона, после Лига купот на Франција.

Триумфираа без повредениот македонски репрезентативец и селектор Кирил Лазаров.

Најефикасен стрелец беа Валеро Ривера со седум голови, а значаен придонес имаше и Робин со 14 одбрани.

Нант поведе во финишот на првото полувреме, потоа на почетокот од продолжението имаше и „плус пет“ позитива (17:22), но Шартр успеа да се врати и да се доближи на еден гол негатива. Во последните 10 минути гостите повторно се одвоија на пет голови разлика, домаќинот не се предаде и уште еднаш се закани. Но, успешниот седмерец на Ривера за 29:32 на две минути пред крајот на мечот ги згасна сите надежи на Шартр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот