Лазаров поведе 20 ракометари во Алборг
Ракометната репрезентација на Македонија околу 16 часот со чартер лет патува за Алборг каде утре ја очекува натпревар против Данска во квалификациите за пласман на ЕП 2022 година.
Ракометатрите во првиот дуел успеаја да го победат актуелниот светски шампион Данска со 33:29 на дебито на Кирил Лазаров на селекторската функција.
Лазаров поради повреда единствено нема да може да смета на Стојанче Стоилов кој е повреден, од ракометарите кои ја совладаа Данска, но затоа во Алборг одлучи да патуваат 20 ракометари што значи дека меѓу патниците се и Михаил Аларов, Мартин Серафимов, Марко Кизиќ, Горан Крстевски, Емилијан Ѓоргоски.
На списокот на патници за Алборг се најдоа: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов, Филип Талески, Емилијан Ѓоргоски, Игор Георгиев, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов и капитенот и селектор Кирил Лазаров.


