Лазаров: Очекував тежок натпревар против Луксембург, не беше лесно да се победи
Македонската машка сениорска ракометна репрезентација во претпоследното петто коло од квалификациите го совлада Луксембург (23:28).
Препорачано
На тој начин на избраниците на селекторот Кирил Лазаров им останува на 30 април против Турција да го потврдат пласманот на следното Европско првенство.
– Не беше лесно да се победи. Ние сме подобри од Луксембург и ние бевме фаворити, но секогаш е тешко да победите кога не играте дома, пред своите навивачи. Очекував тежок натпревар, но ние бевме фокусирани и концентрирани 60 минути, можевме да искористиме голема ротација и конечно го добивме натпреварот – се зборовите на Лазаров, а пренесува сајтот на ЕХФ.
На табелата во квалификациската група „1“ сигурно прва е Португалија (10 бодови), пред Македонија (+17) која шест, третопласирана е Турција (-16) со четири, а последен е Луксембург со ниту еден бод.
Од РФМ најавија дека во продажба се влезниците за претстојниот меч Македонија – Турција кој ќе се игра в недела од 18.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


