Луксембург по вторпат не беше сериозна закана: Македонија на чекор од ново Европско првенство!

Фото: РФМ

Maкедонската ракометна репрезентација славеше победа од 23:28 против Луксембург во рамките од квалификациите за Европското првенство првенство 2024.

Луксембург се надеваше, но момците на Лазаров по вторпат го победија Луксебург во овој квалификациски циклус и сега ќе играат против Турција в недела во Скопје за пласман на Европското првенство наредната година.

Иако домаќинот беше аутсајдер, прикажа солиден отпор посебно во првото полувреме. Во кое Македонија успеа да се „одлепи“ само во финишот и да дојде до предност од 12:14 на паузата.

Набрзо во второто полувреме со двата гола на Филип Талески, Македонија ја врати предноста од четири гола разлика која ја имаше во финишот од првите 30 минути. Како што одминуваше времето Македонија беше се подобра на теренот и со добра одбрана и брз напад почнавме да го приведуваме натпреварот кон крајот.

Во последните десетина минути од натпреварот во нашите редови дојде до мало опуштање, но не дозволивме изненадување. Најефикасен кај беше Талески со осум гола, а Мартин Серафимов и Филип Кузмановски постигнаа по четири. Марко Кизиќ прикажа добар настап и собра десет одбрани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот