Лавица и ему птици се нови членови на скопската зоолошка
Лавицата Акети од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската ЗОО градина. Дванаесетгодишната лавица пристигна во Скопје пред шест дена и веќе се прилагодува на животот во Скопје ЗОО. За неколку месеци друштво ќе и прави и лавот кој треба да пристигне од Софија.
Препорачано
– Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините зоо негуватели – велат од Скопје ЗОО.
Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња кои од вработените ги добија имињата Теди, Ким, Бланка и Вили.
– Бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите зоо негуватели. Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот. Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија”. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во Аборџински стил со помош на донаторот „Подравка” – информираат од Скопје ЗОО.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


