Лани беше најскап фудбалер, а сега едвај игра за Арсенал!

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Николас Пепе во летото 2019 година стана најскап трансфер во историјата на Арсенал кога англискиот клуб му плати на Лил 80 милиони евра.

Но, изненадувачки 25-годишното крило од Брегот на слоновата коска (роден во Франција) не е задоволен од статусот кој го има во составот на менаџерот Микел Артета.

Оваа сезона беше стартер само на еден натпревар, запиша вкупно 12 настапи со три гола и две асистенции, а сега јавно се пожали на малата минутажа.

– Мојата цел е да играм повеќе. Да добијам повеќе време на теренот. Фудбалер кој игра е среќен. Менаџерот сака да сум 100% концентриран сите 90 минути.

После тренинг дознавам дека сум замена. Фрустрирачки е да се седи на клупа. На мене е да докажам дека местото ми е на теренот – рече Пепе за „Скај Спортс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот