Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Ламбе се врати во Америка, таму го пречека згодна девојка

Згодна девојка го пречека Ламбе Алабаковски во Америка откако пејачот се врати во земјата каде што живееше до 2021 година.

Ламбе пред неколку дена се огласи од Флорида и рече дека таму ќе пее за дочекот на Стара Нова година. Станува збор за хотелот „Хард рок“ во Флорида, каде што тој со уште неолку пејачи настапи на 13 јануари.

Ламбе сега објави видео на неговата инстаграм-приказна од тој настап, со згодна девојка во шорцеви која заедно со него го вее македонското знаме, додека тој ја пее „Македонско девојче“. Девојката е качена со него на сцената. Публиката беше многу весела на оваа песна, но и на другите хитови кои ги пееше Ламбе како „Море од солзи“ и „Врати ми го срцето“.

Алабаковски во 2021 година со сопругата Магдалена, која е битолчанка, и со синовите се врати во Македонија и сега живеат во Битола. Пејачот во неколку наврати рече дека се вратиле затоа што сакал синовите да му пораснат во Македонија.

Гордиот преспанец сѐ уште најмногу го сака своето родно село Љубојно. Во 2022 година, откако беше уапсен по обидот да го запали бугарскиот клуб во Битола, тој рече дека претрпел голем стрес, но не поради стравот за себеси, туку за поради грижата за неговото семејство.

„Некогаш се менуваме по големи стресови и удари, но ќе речам дека сѐ излезе не во моја полза туку во полза на народот и правдата. Моите можеби повеќе претрпеа од стравот да не останам по судници“, рече Ламбе во интервју за „Слободен печат“ тогаш.

Интервју со Ламбе Алабаковски: Моите претрпеа страв да не останам по судници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот